Loading Video...
Ракомет
14. May 2019 - 17:49

Вардарци денеска и утре против Бутел и Пелистер

Ракометарите на Бутел и Вардар денеска го играат првиот меч од осмата рунда во Супер лигата   
 
Веќе утре, Вардар ќе го одигра и мечот од 9.коло и тоа на гости во Битола против Пелистер, по што црвено-црните комплетно ќе се насочат кон подготовките за завршницата во Лигата на шампионите во која на 1 јуни во Келн во полуфиналето ќе играат против топ фаворитот за титулата Барселона. 
 
Потсетување дека вардарци во саботата го загубија трофејот во Купот на Македонија откако во финалето беа поразени од градскиот ривал Металург. 
 
Инаку што се однесува до останатите натпревари во 8-то коло, чии средби ќе се играат во сабота, вниманието ќе го провлече битолското дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник кој со пет победи и еден пораз е лидер на табелата.