Ракомет
14. September 2019 - 19:42

Вардар успешно го започна походот кон нов европски трофеј

Нова радост на ракометните фанови во Македонија им приреди европскиот првак Вардар откако со победа ја отвори новата сезона од Лигата на шампионите и по многу возбудувања и пресврти  славеше над Монпелје (31-33).

Интересен дуел,  Вардар водеше со 10-12, па Монпелје со серија од 4-0 направи пресврт (14-12), на крајот на полувремето 17-16

На почетокот на вториот дел французите поведоа со  20-17.

Но Вардар не се предаде и со цврста одбрана го сврте резултатот 23-25. Во продолжението доминираат ракометарите на Монпеље и пак имаат водство (26-25).

Хендикеп за Монпелје беше исклучување на Дуартешто Вардар го искористи за водство  29-31. Што на крајот донесе и победа од 31.33.

Вардар во наредното коло од Лигата на шампионите ќе игра дома против Порто.