-->
-->
Вардар почна со замената на сезонските картички со билети за четвртфиналето во ЛШ
-->

Од редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар информираат дена до недела (27 март) ќе трае приоритетната замена на сезонските билети, со билети за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите во кои ќе играат двата вардарови колективи, во машка и женска конкуренција.
По истекувањето на рокот, сите сезонски билети кои нема да се заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба и сопствениците на сезонските билети нема да можат да си ги купат истите понатаму.
Приоритетната замена на сезонските картички со билет за четвртфиналните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој ден од 10-18 часот. Притоа ќе биде задолжително приложување на сезонскиот билет.
Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Билети за дуелот на машката екипа ќе се продаваат по цени од 600 денари за А блок, 500 денари за централната трибина, 400 денари зад головите и 200 денари за стоење.
Цените за мечот на женскиот тим се: 300 денари блок А, 200 денари централната трибина, 150 денари зад гол.
Популарниот „вардар пас“ ќе чини од 500 до 800 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
