Loading Video...
Ракомет
11. April 2021 - 17:07

Вардар останува со максимален ефект во Супер лигата

Ракометарите на Вардар очекувано ја остварија и петата победа во петата средба од Супер лигата. 

Попладнево црвено-црните во СЦ „Јане Сандански“  убедливо ја совладаа екипата на Струга со 36 – 22 . 

Во Битола, втората екипа на Еурофарм Пелистер го изнамачи фаворизираниот состав на Охрид, дуел во кој гостите на полувремето имаа четири гола предност, но затоа мораа да се спасуваат од пораз во последните секунди, па мечо заврши нерешено 26-26. 

Во последниот натпревар од ова коло што ќе се игра попладнево тимот на Пролет ја пречекува екипата на Бутел Скопје.

Вчера, Еурофарм Пелистер  убедливо како гостин го победи Металург со 32-22

Вардар е лидер на табелата со максимални 15 бодови, а зад него се Еурофарм Пелистер со 12 и Охрид кој има 7 бодови