Loading Video...
Ракомет
4. March 2018 - 18:43

Вардар одигра без победник против Висла

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено со Висла во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. На средбата одиграна попладнево во Јане Сандански, Вардар и Висла Плок одиграа без победник 31-31. 
 
Овој нерешен резултат не влијае на конечниот пласман на европскиот првак, кој по вчерашната средба Рајн Некар Левен - Нант која исто така заврши нерешено 30-30, го имаше осигурано првото место во А групата, а со тоа и директниот пласман во четвртфиналето. 
 
Што се однесува до мечот со Висла. Хрватскиот тандем Циндриќ со 7 и Карачиќ со 6 гола беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион, додека на спротивната страна, Дуарте постигна 10 гола. 
 
За Висла, но и за ППД Загреб кој попладнево загуби од Кристијанштад (24-27), заврши настапот во Лигата на шампионите. 
 
Вардарци со освоеното 1.место во групата ќе бидат слободни во осминафиналето, а во четвртфиналето ќе играат со победникот од осминафиналната пресметка меѓу ПИК Сегед и четврто пласираниот тим во Б групата, место за кое претендираат полскиот Киелце и германскиот Кил.
 
Покрај Вардар директен пласман во 1/4-финалето, како првопласиран тим во Б групата обезбеди францускиот ПСЖ.