-->
-->
Вардар - Копенхаген е меч од висок ризик
-->
Првиот натпревар од третото предквалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген, кој ќе се игра во Скопје, е прогласен за меч од виско ризик.
Ова меѓу другото пишува во соопштението кое го објави ФК Вардар на својата официјална интернер страна, а во кое вардарци апелираат гледачите да дојдат на стадион најдоцна до 19:30 часот, кога има наредба од УЕФА да се затворат вратите на арената „Филип Втори“.
„Натпреварот Вардар - Копенхаген е прогласен за меч од висок ризик. Ги молиме сите кои ќе присуствуваат на стадионот, да стигнат порано за да се избегнат големите гужви на стадионот. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот, а по наредба на УЕФА ќе треба да се затворат во 19:30 часот. Исто така Ве замолуваме да не носите со себе чанти, тврди предмети, парички, запалки, во спротивно ќе Ви бидат одземени на самиот влез на стадионот“, пишува во соопштението на ФК Вардар.
Билетарницата на арената „Филип Втори“ за оние кои не набавиле влезници ќе работи денеска и утре од 12 до 19 часот.
Имателите на влезници со блоковите 1, 2 и 3 на јужната трибина, како и оние кои ќе имаат карти за западната трибина ќе влегуваат на влезот меѓу јужната и западната трибина. Оние кои поседуваат билети со блоковите 4, 5 и 6, влегуваат на спротивникот влез, односно помеѓу јужната и источната трибина.
Натпреварот Вардар – Копенхаген ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот
-
Скопјанец излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје–Велес
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-
Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир
-
Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд , од Апелација велат дека не издаваат патни исправи