Loading Video...
Ракомет
24. March 2019 - 14:00

Вардар го „демолираа“ Загреб и е на чекор до четвртфиналето во ЛШ

Ракометарите на Вардар забележаа убедлива победа со 9 голови разлика против ППД Загреб во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
 
Иако мечот беше најавуван како дерби на викендот, сепак, македонскиот првак супериорно стигна до победа со 27-18 која беше најавена уште во првото полувреме кое црвено-црните го добија со 14-6. 
 
Одличната игра во одбраната и фантастичниот на голот Дејан Милосављев кој средбата ја заврши со 15 одбрани, едноставно не му дадоа шанси на Загреб да се надева на нешто повеќе. 
 
Кај Вардар најпрецизни беа Кристопанс и Карачиќ со по пет гола, еден помалку постигна Мораеш, додека по три придодадоа Чупиќ и Дисингер.
 
Реванш дуелот во Скопје, ќе се игра во сабота.