Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 загубија вечерва во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа.
Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10.
Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година.
Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“.
Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври.
По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод.
Ново на Сител
-
Тешко повредено дете од Велес во тепачка со соученик - завршило на клиника во Скопје
-
Малолетник прободен со нож кај Транспортен центар
-
Просечната нето плата во септември 41.585 денари
-
Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија
-
20 годишник нападнал 60 годишен испитувач во сообраќаен испитен центар во Куманово
-
Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во Северна Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан
-
ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП
-
Нови снимки од Јупитер