Вандали искршиле столови на летната сцена во штипската Библиотека
Искршени и целосно се уништени столовите за публиката на летната сцена во дворпот на Националната универзитетска – библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Вандалскиот чин е пријавен во Полициската станица во Штип, а вработените во штипската Библиотека се револтирани бидејќи ова и не е првпат дворот да биде мета на вандалите.
- Дворот за жал, наназад, неколку години е мета на несовесни граѓани, на несовесни лица, кои го уништуваат. Овој пат имаат направено значителна голема штета, вели Соња Манева вработена во НУ-Библиотека „Гоце Делчев“ - Штип.
Таа забележува дека, како и во претходните случаи, доколку се откријат сторителите ќе се бара да ја надоместат целата штета. Инаку, летна сцена во штипската Библиотека се користи во текот на летната сезона за промоции на книги и други културно-емтнички настани.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници