Свет
29. July 2018 - 18:32

Ваквите сцени станаа секојдневие: Мигрантите стигнаа на плажа полна со туристи па се разбегаа, а капачите останаа зачудени

Камерите снимија неверојатен момент кога група од околу 50 мигранти пристигнаа на брегот на популарно туристичко летувалиште во Шпанија, во провинцијата Кадиз.

Африканските мигранти скокнаа од дрвениот чамец на плажата Заора и веднаш се разбегаа и трчаа низ плажата пред зачудените туристи. Еден татко ги помести своите деца, а мигрантите прекинаа и партија тенис на плажа. Една жена која излезе од чамецот била видно повредена и само легнала на песокот да се одмори. Рекла дека и е повредена раката, но не сериозно.

Другите капачи сето тоа мирно го надгледуваа.

Да потсетиме, пред неколку дена слично се случи на нудистичката плажа Дел Кануело на Тенерифе во Шпанија. Во трагикомичната сцена, мигранти од Мароко по пристигнувањето скокнаа од чамецот и се разбегаа на сите страни за да ја избегнат шпанската полиција.

За жал, ова е честа глетка на бреговите на Шпанија, а градоначалникот на градот Алгесирас изјави дека ова место полека се претвора во нова Лампедуза.