Живот
25. May 2018 - 14:54

Ваква зависничка од шопинг светот нема видено: Го продала сопственото дете (1) за да купува, сопругот и прати горчлива порака

Една жена од Кина го продала своето дете за да може да оди на шопинг. Жената ја продала својата ќерка на возраст од 19 месеци за 50.000 јуани (околу 7.700 долари) и истиот ден тргнала да купува козметика.

Ју, која кинеските медиуми ја опишаа како „млада“ е уапсена заедно со двајца купувачи и обвинета за трговија со деца. Таа најпрво тврдела дека нејзината ќерка и исчезнала на железничка станица, а нејзиното исчезнување го пријавила во полиција дури 20 часа подоцна.

Полицијата со истрага откри дека жената примила пари на банкарската сметка истиот ден, а полицијата се посомневала во трговија со луѓе. Како што пишуваат тамошните медиуми, таа со ќерката на 20 мај отпатувала во провинцијата Хене, каде го продала девојчето на осомничените трговци Веи и Лиу.

По пријавата, полицијата почнала истрага околу станицата и ги прегледала снимките од камерите. Трага била и нејзината сметка и паричната трансакција, каде е забележано дека потрошила 6.000 јуани на козметика и друга стока, истиот ден.

Таа подоцна признала во полициај што направила, а тие тогаш и рекле да ги контактира купувачите за да ја пронајдат нејзината ќерка. Пред да се согласат на состанокот, барале да им уплати 10.000 јуани повеќе од оригиналната цена за да и го вратат девојчето.

Кога дошле на договорената средба, полицијата ги уапсила.

„Биди добра во ќелијата, ќе го доведам нашето дете да те земе кога ќе излезеш од затвор“, и порача сопругот.