Вакцините од Србија ќе пристигнат до крајот на неделата
Кога ќе стигнат вакцините од Србија во земјата нема веднаш да почне боцкањето на здравствените работници. 8те илјади дози од Фајзер пред транспортирање до фрижидерите мора да ги поминат и законските процедури на МАЛМЕД кои важат за секој лек што влегува во Македонија. Нема пуштање во промет без сертификатите за безбедност, квалитет, ладен ланец и потребната документација. Од Агенцијата велат дека се мобилизирани, ги чекаат само вакцините. Неофицијално, според информации на Сител до петок треба да завршат преговорите меѓу македонското и српското министерство за здравство и Фајзер за неопходните административни процедури и северниот сосед да го изврши транспортот.
- Не сакаме да губиме време, додека патуваат вакцините, им кажавме во Србија кои се документи ни се потребни за да ја завршиме и ние нашата работа. Мора да ја имаат пропратната документација, за да може на крајот на денот сме дозволиле употреба на нешто безбедно. Очекувам многу брзо да го завршиме тоа, вели Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.
Од МАЛМЕД велат дека со фајзеровата вакцина нема да имаат многу работа бидејќи истата е одобрена од ЕМА. Но ако лесно поминеме со ветените вакцини од Србија, понатамошна пречка ќе биде директната набавка од производителите бидејќи во Собранието се уште не се усвоени измените на Законот за лекови. Фајзер бара регистрирање на вакцината, но во Македонија нема официјален претсатавник на компанијата. Надлежните затоа и прават законски измени за полесна набавка на вакцините. Иако тоа е услов, за да нема застој дознаваме дека првата пратка во февруари од 5850 дози која веќе ја најави Филипче најверојатно ќе биде со интервентен увоз и тоа во договор сдо производителот.
- Секогаш има некои ад хок ситуации и затоа направивме мали измени во законот за да го надминеме и тоај проблем кој произлегува од прописите, вели Шабани.
И додека за вакцините од Фајзер се потребни неколку денови за проверка на сертификатите, за кинеската и некои други вакцини кои немаат одобрение од ЕМА, од Агенцијата велат дека ќе им треба многу подолг период за регистрација.
Иако имунизацијата е почната во многу зермји, не оди се според планираното. Италија најавува тужба против Фајзер бидејќи навреме не ги испорачале ветените дози а Германија реагира поради намалување на побараните количини.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар