Македонија
9. February 2021 - 21:11

Вакцинирани туристи и вакцинирани хотелиери - Какви ќе бидат одморите оваа година?

Вакцини, па потоа на одмор. Голем број на граѓани токму на ова се надеваат. И не без причина. Хотелиерите во повеќе турустички земји веќе најавија дека нивните соби и апартмани ќе бидат отворени за оние кои се вакцнирани. А желба за летување, има. Во за јули се зголеми бројот на резервации во светски рамки. 

Од вкупниот број на туристички резервации за оваа година, 52 проценти се луѓе постари од 50 години, а 35 проценти над 60 години, објави глобалната компанија за патувања сместена во Виена Радартур. Но тоа, е само едната страна  од приказната. Од компанијата велат дека повекето од овие туристи иако имунизирани бараат сместување кое ќе биде сертифицирано, безбедно од корона, а персоналот вакциниран. Ваквиот безбедносен сертификат ќе ги охрабри странските туристи да ги посетата нашите туристички капацитети, велат хотелиерите. Тие денеска побараа приоритет при вакцинацијата и силна промотивна кампања за безбеден туризам. 

Некои дестинации, вклучувајки ги Сејшелите, Романија и Кипар веќе ја укинаа мерката карантин за оние туристи кои ќе имаат доказ дека се вакцинирани. Туристите на граница ќе мораат да покажат дека се целосно вакцинирани, со две дози, барем две недели пред пристигнувањето. Во меѓувреме некои држави веќе се во процес на договорање на протоколите за патување во други земји за да не се случи откажување на аранжмани во последен момент поради затворање на границите. Грција минатата година остана затворена за туристите од Балканот и многумина ја заменија со Хрватска, Египет и Турција, каде влезот беше условен со негативен ПЦР тест.