Вакцинирани 80.000 говеда од јазелста кожа
Околу 80 000 говеда се вакцинирани за спречување на болеста јазлеста кожа.
Како што информираат од АХВ вакцинацијата е целосно завршена во југоисточниот регион кај што се појавија првите жаришта.
Од Агенцијата посочуваат дека болеста нема значително да се одрази врз млечната индустрија зашто најпрвин ги има зафатено говедата на пасиштата, кои се одгледуваат за месо, а потоа шталите со добиток за млеко.
И млекарите велат дека не се соочуваат со недостиг на млеко, а болеста немала посериозни последици за нивната работа.
Агенцијата во понеделникот информираше дека 250 000 дози од вакцината се доставени во земјава.
Со вакцинирањето ќе биде опфатена целата територија. Иако Србија го забрани увозот и транзит на говеда од земјава сепак болеста е проширена и таму, а експертските прогнози се дека до крајот на годината болеста ќе ја зафати и Средна Европа.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
