Вакцина примиле над 638 илјади граѓани, зголемен интересот за имунизација
Значително зголемен интерес за вакцинација е забележан кај граѓаните во текот на вчерашниот ден, соопшти Министетството за здравство кое наведува дека имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација во помалите места и руралните средини.
Заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 638 428 граѓани, а ревакцинирани 495 803, односно аплицирани се вкупно 1 134 231 дози вакцини. Прва доза вчера примиле 13 275, а вкупно се вакцинирале 17 623 граѓани.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.
Покрај на пунктовите, вакцинацијата се одвива и на терен на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.
Потсетува дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.
– Сите вакцини се безбедни и ефикасни и се единствен начин да се победи пандемијата, додава Министерството за здравство во соопштението.
Ново на Сител
-
Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон
-
Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби
-
Албанската полиција спречила шверц на оружје и фалсификувани документи кои требало да завршат во Македонија
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција