Вака Северина и Игор уживаат на меден месец

Новопечената брачна двојка ужива во Емиратите, а неодамна ја посетија и пустината, со што пејачката се пофали на социјалните мрежи.
Северина и Игор Којиќ конечно отпатуваа на меден месе, и тоа во Дубаи. Тие планираа да побегнат од зимата во потоплите краишта, па заедно одлучиле да замина во Обединетите Араспки Емирати.
Сопружниците не заминаа веднаш по венчавката, која беше на 22 ноември, тука чекаа да поминат сите празници за да можат да уживаат во одморот. Штом Северина го одработи новогодишниот настап во Дубровник, и го прослави својот прв православен Божик со сопругот, синот Александар, свекорот Кеба и свекрвата Оља, ги спакува куферите и седна во авион.
Пејачката ужива со сопругот во најбогатиот емират, и иако не е првпат таму, повторно посети некои од туристичките атракции како и пустината.

Севе и синот на Кеба замиале на екскурзија, во посета на едно бедуинско село. Таму имале вечера, на која се служат арапски специјалитети, се играл стомачен танц, а биле послужени и со чај. Дека ужива во пустината Севе се пофали на социјалните мрежи, објавуваќи фотографии од пустината.

-Севе и Игор се препуштија на уживање. Конечно немаат деловни обврски, па можат да се одморат. Освен пустината, ги обиколоја и остантите познати локации кои мора да се видат при посетата на Дубаи. Имаат во план уште многу да прошетаат и секако да се впуштат во шопинг, вели извор близок до семејството.

Додека Игор и Севе се забавуваат на сонце, Кеба се смрзнува во Белград и чека да му се вратат синот и снаата. Нему му е драго кога тие се во неговата куќа, зошто тука е и синот на Северина, Александар, кого пејачот го засака како да му е вистинско внуче.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
