Балкан
1. February 2019 - 13:14

Вака го совладаа полудениот Црногорец на бродот: Грабнал нож и искасапил тројца морнари, ќе го преземе бразилската полиција

Црногорецот Данило Аџиќ од Цетиње со нож исекол тројца морнари, исто така од Црна Гора на италијанскиот трговски брод „МСЦ Марта“, кој моментално се наоѓа во водите на Доминиканската Република.

Аџиќ е морнар на тој брод за превоз на контејнери, а инцидентот се случил во средата среде Атлантикот.

Во тој инцидент  полесно се ранети А.Д. и Ѓ.С., механичер и филтер на бродот, додека третиот нападнат е бродскиот готвч од Херцег Нови, кој поради тешките повреди итно е евакуиран на копно.

По него долетал хеликоптер со медицински тим кој го превезол до најблиската болница. Лекарите успеале да му го спасат животот и повеќе не е животно загрозен.

Остатокот од бродската посада, меѓу кои има уште црногорски морнари, успеале да го совладаат напаѓачот Аџиќ, кој е изолиран и затворен.

Посадата го врзала и е сместен во бродската кабина каде ја чека бразилската полиција за да и биде предаден/

Ќе остане во притвор неколку дена, додека бродот од 72.000 тони, кој и припаѓа на италијанско-швајцарската компанија „Медитеран Шипинг“, на 4 февруари според распоредот не вплови во Сантос, каде Аџиќ ќе биде предаден на бразилската полиција која против него ќе покрена криминална истрага.

Двајцата полесно повредени морнари се од Котор и Бар.