Вајнстин побара да му биде поништена пресудата за силување
Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин (69) вчера побара од Апелациониот суд во Њујорк да ја отфрли пресудата за сексуален напад и силување, според која тој е виновен, и да отпочне ново судење, пренесува Танјуг.
Вајнстин беше осуден во март 2020 година од судијата Џејмс Бурк, во Судот во њујоршката општина Менхетн, на 23 години затвор, за напад врз поранешната помошничка Мими Хејли и за силување на глумицата Џесика Ман. Тој порекна дека имало сексуални односи без заемна согласност.
Вајнстин изнесе неколку аргументи со намера да ја поништи одлуката на судијата, што неговите адвокати го нарекоа „ужасно неквалификуван да изрече толку строга казна“. Тој смета и дека судијата направил неколку грешки со што ја ускратил непристрасноста на поротата.
Доколку му биде поништена казната, Вајнстин се соочува со обвиненија од пет други жртви од Лос Анџелес во времето од 2004 до 2013 година, за што му се заканува казна затвор од 140 години.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
