Вајгл, Ховит, Кукан: Целосно да се спроведе договорот од Пржино
Сите страни да не штедат време и напор во брзата имплементација на сите клучни прашања од договорот од Пржино, порачаа денеска во заедничката изјава европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан.
- Ние силно ги повикуваме претставниците на сите политички партии да не жалат време и напори во имплементацијата на договорот од Пржино и на итните реформи. Нагласуваме дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза. Целосната посветеност и фокус на сите политички партии кон преостанатите чекори кон договорот е круцијална. Поради тоа ние ги охрабруваме сите страни брзо да делуваат и да го подготват избирачкиот список со усогласената методологија заради веродостојно ниво на теренски проверки, како и за преземање чекори за унапредување на слободата на медиумите, истакнаа тројцата европратеници во заедничката изјава по серијата средби во Скопје со претставници на политичките партии, на ДИК, специјалната јавна обвинителка и на граѓанскиот сектор.
Воедно тројката европратеници го реафирмираа нивниот став дека мора да постои целосна поддршка во земјата за специјалната обвинителка да ја спроведе својата работа.
Европратениците исто така изразија загриженост за како што наведоа доцнењата, но и некои ретроградни чекори поврзани со итните реформски приоритети и ги нагласија аспектите од договорот од Пржино кои се однесуваат на структурните реформи, како и на потребата сите партии да се ангажираат во работната група под медијаторство на белгискиот експерт Ванхауте на континуирана основа вклучувајќи го и периодот на изборите.
- Ние сме убедени дека преземајќи ги овие мерки и целосно имплементирајќи го договорот од Пржино е патот кон исполнување на демократските аспирации на сите граѓани, како и за задржување на позитивната препорака за отворање на процесот на преговори обезбедувајќи ја со тоа евроатлантската интеграција и европската перспектива, наведуваат во заедничката изјава Вајгл, Ховит и Кукан.
Истакнаа дека тие се подготвени да и помогнат на земјата во постигнување прогрес во имплементацијата на договорот од Пржино и на натамошниот развој на демократијата во земјата и оти Европскиот парламент ќе биде присутен за време на изборите како демонстрација на неговата посветеност и солидарност со граѓаните на Македонија.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња