Вацлав Клаус смета дека приливот на мигранти допрва доаѓа
Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, во емисија на чешката ТВ Прима предупреди дека врвот на миграцијата допрва треба да дојде, јави дописникот на МИА од Прага.
- Се чини дека тоа ќе биде следното селење на народите. Некој мисли дека се прелеал миграцискиот бран. Тоа, почнува и тој историски цунами допрва ќе дојде, рече Клаус, залагајќи се за заштита на границите на ЕУ, за кои смета дека Унијата ги оставила отворени и сега има последици.
Клаус оцени дека тоа не може да престане, кога „мигрантот патува 3.600 километри од некаде од Блискиот Исток, некаде во средината на Германија".
- Тој, мора да биде запрен на границата на Шенген зоната, додаде поранешниот претседател на Чешка.
Според него, Чесите со миграцискиот бран се уште не дошле во контакт и затоа не протестираат.
- Ќе замолчам кога ќе добиеме наредба за примање на 1.700, ќе речам добро и кога ќе додадат една нула повеќе, 17.000. Но кога ќе добиеме 170.000, тогаш не знам како ќе реагирам, рече Клаус во врска со задолжителните квоти за примање на бегалци за земјите на ЕУ.
Клаус истовремено смета дека квотите не се толку значајни, туку позначајна е масовноста на миграцијата.
- Јас правам разлика меѓу имплицитна и експлицитна покана. Ангела Меркел и некои други упатија експлицитна покана, а јас сметам дека имплицитната покана е небезбедна, рече Клаус не критикувајќи ја германската канцеларка која изразува отворено „гостопримство" за бегалците.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст