В недела планинарење и дружење на Водно по повод Свети Трифун

Групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно и заедничко дружење на врвот, тематски посветено на виното и празникот Свети Трифун организира в недела здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Како што соопшти организаторот, стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште „Кочо Рацин“, а делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино е предвиден за околу 11 часот.
Настанот е поддржан од винарија „Стоби“ и еко-партнерот „Пакомак“, а е дел од серијата месечни настани во организација на „Прв до врв“.
Овој настан нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки ПРВ ДО ВРВ на 22 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб страната www.prvdovrv.mk.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
