Македонија
11. February 2016 - 14:59

В недела планинарење и дружење на Водно по повод Свети Трифун

Групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно и заедничко дружење на врвот, тематски посветено на виното и празникот Свети Трифун организира в недела здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Како што соопшти организаторот, стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште „Кочо Рацин“, а делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино е предвиден за околу 11 часот.

Настанот е поддржан од винарија „Стоби“ и еко-партнерот „Пакомак“, а е дел од серијата месечни настани во организација на „Прв до врв“.

Овој настан нема натпреварувачки карактер, додека трките во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам се закажани на главниот натпреварувачки ПРВ ДО ВРВ на 22 мај, за кој пријавувањето е во тек преку веб страната www.prvdovrv.mk.