В четврток во Охрид свечено отворање на Алипашината џамија
Али пашината џамија во Охрид ќе се отвори во четврток најавија од Исламската верска заедница на официјалната фејзбук страна.
– Џамијата датира од 15-16 век и се наоѓа во старата чаршија на градот Охрид на патот што води кон езерото во близина на познатиот чинар стои во соопштението во кое се повикуваат верниците да бидат дел од манифестацијата.
И покрај тоа што нема повеќе детали за отварањето на џамијата претходно од страна на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара која беше во посета на верскиот објект беше највено дека на свеченоста ќе присуствува турскиот претседател бидејќи обновувањето на џамијата бил сон на претседателот Ердоган.
Реконструкцијата на Али пашината џамија ја разбранува целата македонска јавност и беше проследена со серија обвинувања дека се гради надвор од проектот за реставрација.Најгласно беше здружението на граѓани Совест тие постојано алармираа дека наместо да се заштити како споменик на културата противзаконски и без соодветна дозвола и документација се доградува постојниот верски објект – со минаре и придружни објекти во дворот. Тие во повеќе наврати потенцираа дека надлежните не превземаат никакви акции и обвинија дека политиката е замешана во изградбаа на џамијата.
Иако имаше одлуки за стопирање на изградбата, сепак реконструкцијата која започна пред три години продолжи а на 28 ноември свечено ќе биде отворена џамијата Али пашината џамија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
