Живот
19. November 2018 - 9:24

Уживајќи на одмор ги снимија најчудните суштества во водата: Изгледаа како тролови во некој бизарен ритуал

Туристите кои уживале во бистрите води на Тајланд останале потполно зачудени кога наишле на суштества налик на Евокси на влезот во една пештера.

На видео снимката која ја направи Џемајл Каваја од Лондон се гледаат необичните суштества и навистина изгледаат како да не се од оваа планета, но навратиле да се одморат на карпите и да се опуштат во водата.

„Возевме кајаци околу Рејли беј на Тајланд. Тргнавме кон пештерите кога се соочивме со можеби најбизарната глетка која некогаш сме ја доживеале. Изгледаат како евок тролови кои учествувале во некој ритуал на вода, кој траел околу половина час“, објави тој.

И додека многумина го коментираа видеото, кое беше прегледано повеќе од 3,5 милиони пати, дека станува збор за „доказ“ дека овие тролови всушност се реални суштества, откриено е за што навистина станува збор.

За се е „виновен“ норвешкиот уметник Вансе Троли кој е познат по необичните инсталации, а овие суштества се дел од неговата изложба.