Ужасно злосторство: Со крвави раце излегол од куќата - Комшија дојди го убив синот!
-Комшија, викни полиција, го убив синот Љубисав!, со овие зборови Радомир Раја Илиќ (79) ладнокрвно му се обратил на соседот и му признал дека го убил својот син Љубисав Илиќ (46).
Семејната трагедија се случила во четвртокот во село Пироман кај Обреновац, кога Радомир на спиење со секира го удрил синот по вратот, а потоа со нож го заклал.
Се претпоставува дека мотив за свирепото убиство е долгогодишната нетрпеливост меѓу таткото и синот и честите кавги поради девизната пензија. Радомир на полицајците ладнокрвно им рекол дека го убил синот зошто често го малтретирал, а соседите пак велат дека Љубо бил жртва на бесниот татко.
-Радомир е девизен пензионер, ама и боем. Сите пари ги трошол за забава и кафеани. Знаел на келенерки да им остави и по 50 евра бакшиш или да плаќа по 20 евра за возење до кафеана. Кога ќе ги потрошел сите пари од соседите позајмуваше корка леб, шоља шеќер и слично. Поради тоа се караше со синот и тој му префрлаше за тоа, раскажува еден сосед.
Ден пред кобниот, Љубисав го избањал својот татко зошто по налог на центарот за социјална работа требало во четвртокот да го сместат во дом.
Старецот ужасно смрдел со денови не се бањал и синот добро се погрижил за него за да отиде чист со социјалната служба.
Но таткото сепак му пресудил на сопствениот син.
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?