Џет-Сет
9. April 2019 - 21:12

Ужасно: Американска актерка врбувала жени во озлогласена секта, ги жигосувале и ги правеле сексуални робинки

Американската актерка Алисон Мак, која се прослави со улогата во тунејџерската серија „Смолвил“ ја призна вината за учествување во присилувањето на секс и физичка работа внатре во сектата Нексиум (NXIVM)

Таа се појави на Федералниот суд во Бруклин липајќи цело време. Ја призна вината за уценување и завера, вклучувајќи и изнуда и присилување на работа. Како што претходно пишуваа медиумите, ги присилувала жените да ги задоволуваат сексуалните барања на водачот на култот Кит Раниере.

За опасната секта се дозна 2017 година, кога приказната прв ја објави Њујорк тајмс. Алисон наводно му била десна рака на Раниере. Нејзината улога била да врбуба нови жртви за сектата и да им ги подведува на водачот. Тие таму се присилувани на физичка работа и секс, а притоа вербално се понижуваи, па дури и жигосувани со неговите иницијали.

Жените се изгладнувани додека не достигнале тежина која водачот на култот ја сметал за идеална. Исто така биле фотографирани голи. Раниере во 2003 година започна со работилници во кои, во кои, меѓудругото зборувал дека мажите мора да имаат повеќе сексуални партнери, а жените мора да бидат моногамни.

„Без изгубена. Преземам полна одговорноста за своето однесување. Искрено жалам поради својата улога во овој случај. Жалам поради моето семесјтво и добрите луѓе кои ги повредив зошто бев занесена од учењето на Кит Раниере, рече Мак, која призна дека била членка на тајната група наречена ДОС, внатре во сектата. Призна дека држела група на жени во ропство и дека им наредувала да вршат работи за неа.

„Бев членка на тајно друштво што го основаше Раниере. Криев дека сум водач на ДОС. Верував дека неговите намери се добри, дека сака да им помогне на луѓето, но бев во заблуда“, рече Мак на суд и вети дека ќе биде подобра личност.

Алисон толку плачела во текот на испрашувањето што судијата неколку пати го прекинувал судењето и прашувал дали е добро. По речиси година дена по апсењето Алисон мак потврди дека низ интроспекција и самозабележување дошла до сознанието дека Раниере и некои други следбеници го кршеле законот.

На актерката на некогаш популарната серија и се заканува затворска казна до 40 години, а пресудата ќе биде изречена во септември. Мак на култот му се приклучила во 2010 година, а сектата се претставувала како организација за јакнење на жените. Членките ги привлекувала со идејата за програма за менторство на жени.

Катарина Оксенберг, ѕвезадата на серијата „Династија“ и ќерка на Елисавета Караѓорѓевиќ, мината недела за магазинот „Пипл“ раскажа како нејзината 26-годишна ќерка, потпаднала под влијание на Нексиум. После макотрпна борба, Елисавета и нејзината ќерка Катарина успеале српската принцеза Индија да ја спасат од опасната секта каде била член.

Принцезата Елисавета Караѓорѓевиќ заедно со својата ќерка Катарина Оксенберг конечно се изборија внуката Индија Оксенберг да се врати на вистинскиот пат и да се извлече од опасниот култ Нексиум (NXIVM), чиј член беше речиси 7 години. Поради лошиот начина на живот во тоа „тајно сестринство“, на Индија почнала да и опаѓа косата, драстично ослабела, и немала менстуација година дена. Семејството никако не можело да ја вразуми, а Индија не сакала да разговара со мајката долго време.