Ужасна трагедија: Братот (11) ја прегази сестричката (7), почина во прегратката на мајка си
Седумгодишната Маријана Јанковиќ од Чајетина загина на Ѓурѓовден, во селото Мургаш кај Уб, кога на неа, возејќи мотор, налетаа стрикото Владан Кузељевиќ (40) и родениот брат М.Ј. (11). Несреќата се случила пред очите на мајката на Маријана, Драгана, а тешко повреденото девојче почина во нејзината прегратка.
Маријана во неделата со родителите и двајцата браќа дошла во Чајетина на слава кај роднините, семејството Кузељевиќ. Драмата се одиграла околу пладне во дворот.
Изгубил контрола
-Владан неодамна го купил квадот, мотор на четири тркала. Во еден момент тргнал да го повози синот од неговвиот братучед од Златибор. За тоа време Маријана стоела покрај оградата и го гледала возењето на стрикото и братот. Во еден момент детето ја повлекло рачката за гас, веројатно од незнаење или љубопитство. Тогаш Владан изгубил контрола над четирициклот и со полна брзина удрил во девојчето, а потоа во оградата, раскажуваат соседите и додаваат:
-Мајката Драгана го виде сето тоа. Таа притрчка и ја зеде ќерката во прегратка, но на детето му немаше спаси. Таткото на Маријана Душко во мементот на несреќата беше во куќата, и штом слушна излезе да и помогне. Но се беше залудно.
Владан е тешко повреден зошто скокнал кога видел дека моторот ќе го удри детето.
Верувам дека скокна за да ја тргне, се обиде да ја спаси, но за жал не успеа, вели соговорникот.
Како што велат соседите, во неделата се слушале лелеци и плач во местото каде живеат Кузељевиќ.
-Во куќата на Владан Кузељевиќ се неговите родители. Еден седи на едниот кревет, другиот на другиот, скршени од болка и тага. Ве молам, не ги прашувајте, во лоша состојба се, под седативи, интервенираше итната помош, луѓето се во шок поради тоа што ги снајде, вели соседот.
Завиени во црно
Населбата Цетен кај Чајетина, каде малечката Маријана живееше со четворицата браќа и родителите, вчера потона во молк. Во куќата доаѓаа најблиските пријатели, родители, соседи за да изразат сочуство, неверување, тага...
-Со мајката и таткото ковчегот со девојчето пристигна во Чајетина. Сега сите се тука, вели роднина.
Возачот на квадот Владам се здобил со тешки повреди и е згрижен во болнциата во Ваљево. Се здобил со фрактура на бутната коска, вон животна опасност е, но е испратен во Белград.
Против него е поднесена кривична пријава за тешко дело против општата безбедност.
Ново на Сител
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО