Свет
27. January 2019 - 14:34

Ужасна снимка од пукањето на браната: Стихијата рушеше се пред себе, луѓето се гушеа во кал, за минута се претвори во калливо езеро

На социјалните мрежи се појави снимка од моментот кога по пукањето на браната во Бразил надојде стихија каллива вода и рударски отпад кој речиси го збриша градот Брумадињо во близина на рудникот.

На снимката се гледа како огромен бран матна вода со голема брзина брише се пред себе, додека испраничените работници бегаат. Шеесетина секунди подоцна, просторот на кој се наоѓаа работниците се претвори во калливо езеро.
 

Повеќето куќи се уништени, а како што пренесуваат локалните медиуми, дел од работниците во рудникот надојдената вода ги затрупала додека биле во кафетеријата на ручек. До сега се пронајдени телата на 9 настрадани, но се стравува дека ги има многу повеќе, меѓу 200 и 300 лица.

Локалните официјални лица велат дека се мали шансите некој да преживеал и дека најверојатно само ќе ги пронајдат телата. Рударската брана е изградена во 1976 година и била една од неколкуте во тоа подрачје кое се користела за чување на остатоците од рудникот. Засега не е познато што го предизвикало пукањето на браната.