Свет
18. September 2015 - 23:31

Ужасна глетка која го дава одговорот зошто бегалците ги напуштаат домовите

Вознемирувачки  фотографии, со  нужна назнака 18+ или пожелно гледање со возрасен за сите малолетници, го покажуваат стравотниот виор на војната која моментално беснее во Сирија.

Слободниот режисер, сценарист, камерман и фотограф Јарослав Јиндра од Чешка на најдобар можен начин со своите фотографии им даде одговор на многумина за прашањето„ Зошто бегалците масовно бегаат од своите домови?“

За да им стане јасно на луѓето кои не се доволно упатени или немаат увид во случувањата во Сирија, во сериозноста и опасноста на ситуацијата, забележани се и снимки кои сведочат за тамошната трагедија. Смарт решил тоа да го сотри со помош на вирутелан технологија која му овозможува на гледачот да се почувствува на лице местото во срцето на воената зона.

Доволно е само да го придвижувате курсерто лево – десно или горе – долу за да виртуелно зачекорите во  сирискиот град Јиср алШугору кој е целиот опустошен.

Ќе видите дека целиот град е уништен – некогашните згради се срамнети со улиците кои повеќе не се препознаваат бидејќи се станало непрегледен пустош и крш. 

Во овие услови Сиријците се принудени да останат и живеат или засекогаш да се упатат кон непознато.