Живот
26. May 2016 - 21:31

Ужас во женскиот затвор: Под креветот на затвореничка пронајдено мртво бебе

Затвореничката З.С. (38) од Ниш, која издржува тригодишна казна во женскиот затвор во Пожаревац, поради дилање на дрога, однесена е во болница во средата навечер, бидејќи во нервно растројство се обидела да се самоубие.

Таа се здобила со полесни повреди нанесени со жилет. Откако и биле санирани повредите, истата вечер е вратена во затворот.

Под нејзиниот кревет е пронајдено безживотно тело на новороденче, завиткано во кеса.

Обвинителството наложило обдукција на телото, за да се утврди дали детето е родено мртво или е убиено, што би значело дека затвореничката извршила убиство на дете по пораѓајот.