Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
-Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од страна на судија на претходна постапка, на А.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Неопходно е формирање на туристичка полиција
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
