Балкан
5. August 2023 - 15:59

Ужас во Хрватска и Словенија: Сава во некои делови се излеа од коритата | ВИДЕО

Сава се излеа на устието со Крка кај Брежице, соопштија од штабот на Цивилната заштита.

Пешница и Дравиња се излеале во долниот тек, Сава во средниот и долниот тек, а се излеале и одредени притоки на Љубљаница.

Нивото на водата низ Хрватска благо се зголемува и покрај бранот вода кој пристигна и се уште пристигнува од Словенија.

Сава во некои делови се излеа од коритата, но се чини дека врвот на водениот бран се уште не е поминат. Редовни мерки за заштита од поплави се на сила низ државата, а на места се и подготвителни.

Бранот од Словенија вчера најпрво зафати делови од жупанија Меѓумурје и Вараждин.