Ужас во хотел: Цела ноќ спиеле со распаднат труп под душекот
Двајца гости во тајландското летувалиште се пожалиле дека имаат многу непријатен мирис во собата. Сепак, се сложиле тука да преспијат. Следното утро чистачката исто така ја осетила ужасната смрдеа и видела крв во близина на креветот.
Ги повикала и останатите работници во хотелот кои ја пребарале собата и нашле труп под душекот. Полицијата тврди дека станува збор за транссексуалка со име Амфон Конгсонг (28).
Полицијата уапси двајца тинејџери на возраст од 17 и 14 години кои го признаа убиството. Момчето (17) жената ја запознал на Фејсбук која себе и момчињата ги пријавила во хотелот.
Таму поминале неколку ноќи, а потоа се скарале зошто 17-годишното момче ги одбило нејзините настојувања. Ја задавил, а 14 годишното момче му помогнало да го скрие телото.
Ново на Сител
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот