Ужас: На млада девојка забите и паѓаат кога ќе кивне

Ако некогаш сте го имале оној ужасен сон како ви се клатат заби и ви отпаѓаат, е токму тој кошмар оваа млада девојка го доживува на јаве.
18-годишната Чомзо Грант од Милтон Кејн, верува дека мистериозна состојба и предизвикува расипување и отпаѓање како и многу болни апсцеси.
Тоа е многу болно за неа. Веќе три заби трајно и паднаа. Во овој момент таа носи привремени навлаки и може да јаде само мека храна.
Многу е понижувачко за неа што секогаш кога ќе кивне и испаѓаат делчиња од забите.
Таа вели дека само сака на луѓето да им каже што не е во ред со неа, но и таа не знае за што се работи.
Докторите веруваат дека проблемот настанал зошто таа има дијабетес тип 1, поради што и настанале денталните проблеми. Линзи чувствуа болка во коренот на забите, а секогаш водела сметка за забите и за исхраната.
Се било во најдобар ред до својата 14 година, а потоа оддеднаш почнала да чувствува болка во забите.
Имала и ургентен зафат за отстранување на нервите. Потоа вели, нејзините заби почнале да се распаѓаат.
-Седев и гледав ТВ и се сеќавам дека почувствував како забот ми се распаѓа во уста. Незнаев што да правам, само почнав да плачам. Лицето почна да ми отекува поради собирањето течност. Беше ужасно, вели таа.
Отишла на забар и и направил дупчиња во забите за да ја исфрли течноста, но забот продолжил да се расипува.
Итно ја одвеле во болница 4 пати во последната година поради дијабетесот и потенцијалната фатална состојба предизвикана од шеќерот во крвата кој резултирал со инфекции.
Стоматолозите велат дека единствен можен третман е да ги ги извади сите заби.
Линзи шкрипи со забите во сон и има проблем со мускулите на горната вилица кои се грчат, а својата приказна сака да ја сподели со надеж дека некој ќе и помогне.
Забарите велат дека забите и ослабнале поради нејзиниот дијабетес.
-Ми велат дека тоа е поради слатките и што пијам газирано, но јас им велам дека отсекогаш имам дијабетес и водам сметка за тоа. Не јадам ниту пијам ништо такво, вели Линзи.

Ново на Сител
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување



