Свет
17. January 2017 - 23:42

Ужас: Авион по грешка бомбардираше бегалски камп, над сто загинати

Борбен авион на нигериската војска во мисија против екстремистите на Боко харам по грешка бомбардираше бегалски камп, при што загинаа повеќе од сто бегалци, а повредени се повеќе хуманитарни работници.

Командантот на војската Лаки Ирабор го потврди случајното бомбардирање во североисточна Нигерија во близина на границата со Камерун.

Тој додаде дека меѓу повредените има и Нигеријци, кои работат за Лекари без граници и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.