Утврден составот на ДИК, седница на Собранието во 18 часот
Вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери.
Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција, на крајот на септември.
Претседателот на Комисијата Илија Димовски, ги прочита партиски усогласените имиња, што веќе му се испратени на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е утврден за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател.
Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.
На вечерашната седница на Собранието, покрај изборот на членови на ДИК, ќе бидат разгледани и измените во законот за финансирање на политички партии , на Законот за Влада и измените на Изборниот законик, според договореното на лиодерската средба во понеделникот.
Ново на Сител
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија