Утврден Предлог-законот за финансиска поддршка на лозарството и винарството
Владата го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД- 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.
Со законот се утврдува постапката и процедурата на доделување финансиски средства за намалување на последиците од КОВИД -19 за производителите на грозје, но и во винскиот сектор.
Овие решенија се дел од четвртиот пакет анти-ковид мерки.
На вчерашната седница беше утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште чија цел е доуредување на постојните законски одредби и воведување нови решенија за рационално користење на земјоделското земјиште и негова заштита.
Со предложениот текст се воведуваат нови поими и се доуредуваат одредени постапки.
Предлог-законот се заснова на истите начела на кои е базиран и Законот за земјоделското земјиште.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп