Утрово во центарот на Скопје каменуван и ограбен српски автобус
Автобус на српски туристички авто превозник утрово бил каменуван сред Скопје, дознава „Блиц“. Како што им раскажал менаџерот на компанијата, во автобусот се превезувале руски граѓани кои правеле тура во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот отишле да преспијат. Инцидентот се случил утрово во 7 часот, ги вознемирил туристите и го загрозил продолжувањето на патувањето, додал тој.
Засега непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Потоа провалиле во автобусот и ги украле личните работи на патниците и возачите кои биле оставени во возилото.
Веднаш по пријавата, полицијата и екипа за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага.
На скршениот прозорец биле пронајдени и траги од крв.
Сè уште не е утврдена причината за ваквиот чин, иако полицијата во Македонија работи на расветлување на овој случај. Поради оштетувањето на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување, пишува порталот.
Ново на Сител
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
