Утрово најстудено во Битола со -12 степени
Во речиси сите градови во земјава утрово се измерени тепмератури под нулата. Најстудено со -12 степени било во Битола и со измерени -8 степени во Берово. Најтопло било во Дојран каде е измерена температура од 1 степен.
Во Скопје – Тетровец и во Прилеп се измерени -6 степени, во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица се измерени -5 степени, во Скопје Зајчев Рид, Тетово, Маврово и Куманово-4, во Гевгелија – 3, во Охрид, Претор, Виница, Дебар – 2 степени, а во Крушево -1 степен целзиусов.
Висината на снежна покривка измерена во 7 часот изнесува 21 сантиметар во Маврово, 18 во Тополчани, 14 во Битола, Пожаране, 10 во Крушево, 7 во Прилеп и 6 сантиметри Охрид.
Во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД