Утрово најстудено во Берово и Скопје
Утрово во Берово и Скопје - Петровец е најладно, - 9 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.
Како што соопшти УХМР, во Маврово, Куманово, Лазарополе и Крива Паланка е минус осум, во Штип, Демир Капија, Тетово и Пожаране минус седум, во Скопје - Зајчев Рид, Струмица, Дебар, Прилеп, Битола и Крушево минус шест, во Ѓуриште минус пет, во Претор и Тополчани минус четири, во Виница минус три, во Охрид минус два и во Гевгелија минус еден степен.
Времето во текот на денот ќе бисе сончево со слаба магла по одделни котлини. Темпеатурата ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје слично време со температура до 6 степени.
Утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност кон крајот на денот. По котлините ќе има услови за претпладневна магла. Утринската температура ќе биде од -9 до -1, а дневната од 9 до 15 степени. Во Скопје температурите ќе бидат од -7 до 10 степени.
Според УХМР, до недела ќе се задржи сончево со услови за појава на претпладневна магла по котлините. Утрата и понатаму ќе бидат многу студени, додека дневната температура од утре ќе биде во позначителен раст. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и повторно опаѓање на дневната температура придружено со умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност