Македонија
30. July 2024 - 10:21

Утрово најниска темепратура во Лазарополе и на Шапка

Утрово најниска температура од 10 степени е измерена во Лазарополе и на Попова Шапка. Следат Крива Паланка и Маврови Анови со 12 степени, 14 во Крушево, 15 Берово, 16 Тетово, Куманово, 17 Претор, Битола, 18 Скопје-Петровец, Охрид, Дебар, 19 Штип, Струмица, 20 Скопје–Зајчев Рид, Прилеп, Виница, Велес, 22 во Демир Капија, Кавадарци и Дојран и 25 во Гевгелија.

Времето денеска, како што соопшти УХМР, ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието и во источниот дел од земјата со засилен ветер од северен правец (над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. UV=9

Во Скопје сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени.