Македонија
9. December 2019 - 9:03

Утрово најладно во Берово, измерени -6 степени

Утрово е најладно во Берово каде се измерени минус шест степени, а максимални шест степени е во Дојран, информира УХМР.

Според податоците до осум часот,  минус два степени се измерени во Лазарополе и во Тетово, минус еден во Демир Капија, нула во Гевгелија и Претор, еден во Маврово и Крушево, два во Скопје, Куманово, Охрид и Битола и три степени во Прилеп.

Преку ноќта во планинските региони облачноста се намали и таму утринава е ведро, а по котлините остана ниска облачност или магла. Магла утрово има во Скопје, Струмица, Штип, Куманово и Тетово, а магливо е во Пелагонија и Гевгелија.

Од УХМР информираат дека преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени, во котлините со магла од 4 д 9 степени.

Во Скопје утрово има магла, која ќе се задржи подолготрајно. Попладне маглата ќе се намали и ќе се зголемува облачноста. Температурата ќе достигне 11 степени.