Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност
Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Како што најавија од УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.
Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
