Утрото студено, во Лазарополе и Маврово - 9 степени
Сончево и студено време преовладува утрово во Македонија со измерени температури од - 9 во Лазарополе и Маврово, -8 Берово, -7 Крива Паланка, -6 Тетово и Скопје, -5 Куманово, Демир Капија и Крушево, -4 Претор, Штип, Струмица и Прилеп, -3 Битола, Пожаране, Виница, Охрид и Скопје –Зајчев Рид, -2 Ѓуриште, -1 Тополчани, 0 во Дебар, 2 Гевгелија до 4 степени во Дојран.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 степени.
До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во пораст. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори