Утринските температури под нулата, освен во Гевгелија и Дојран
Во Македонија утринава е студено и ведро со температури кои се спуштија под 11 степени. Најстудено е во Лазарополе, а најтопло во Гевгелија и Дојран.
Во Берово утринава се измерени -10 степени, во Маврово -9, во Охрид, Крушево, Претор, Битола, Скопје-Петровец -7, во Прилеп и Демир Капија -6, во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип и Струмица -5, во Тополчани, Скопје-Зајчев рид, Виница и Куманово -4 и во Ѓуриште -3 степени. Нула степени утринава е темепратурата во Гевгелија и еден степен во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 9 степени. Во Скопје, слично време со максимална температура до пет степени.
Утре попладне и в петок се очекуваат повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места и повремен снег на планините. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај