Утринска магла, а потоа облачно со повремен дожд и ветер
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне сончево со мала, а попладне со зголемена облачност. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 13 степени.
До вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе започнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
