Утревечер во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот - „Браќа Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е подготвен за свеченото отворање на 37. издание, закажано за утревечер во 20 часот во Битолскиот Центар за култура.
Фестивалот почнува со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“, македонско-хрватска-финска продукција, во режија на Раде Шербеџија и Данило Шербеџија.
- На утрешната свеченост, на црвениот килим очекуваме да бидат легендарниот Раде Шербеџија, харизматичните Луција Шербеџија и Силвија Стојановска, актерите Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед. Во Битола, на црвениот килим ќе прошета и младиот талент, 11-годишниот Давид Тодосовски, кој дебитира во главна улога во овој филм, информираат од ИФФК „Браќа Манаки“, вели Шербеџија.
Сценариото за филмот „Ослободување на Скопје“ е напишано пред девет години и, како што вели режисерот Шербеџија, тоа е мој сон.
- Тоа е најдобро напишан драмски текст на просторот на некогашна Југославија, чиј автор е Душан Јовановиќ, а во која и јас играв. Со неа имавме голем успех низ целата земја. Едноставно, приказната е фантастична. Цело време размислував, додека живеев во САД, како да направиме филм од таа претстава, која имаше успех и во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, за менталитетот, за музиката, карактерите на луѓето, за љубовта, посочи Шербеџија.
На свеченото отворање на фестивалот, на Оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена Златна Камера 300 за животно дело, а писмо од Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за Милер.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи