Утре утринската температура до минус 10 степени
Времето во земјата денеска е сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и тивко со температура до седум степени.
До изутрината најмногу снег наврна во Маврово. Во Маврови Анови се измерени 11 сантиметри, додека на Попова Шапка се измерени четири сантиметри снег.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека утре изутрина температурите ќе се движат од -10 до -3 степени, а дневните температури ќе се движат од шест до 13 степени.
За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Во сабота времето се очекува да биде од -7 до 12 степени, а во недела од -4 до 10 степени.
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми