Македонија
16. November 2022 - 19:47

Утре студентите обединети на марш со барање за подостоинствен живот

Измените на законот за субвенциониран оброк сепак ќе се носат по скратена постапка. Со 54 гласа за, пратениците ги изгласија измените и сега ќе бидат испратени во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната Комисија да расправаат по предлогот, па потоа да биде ставен на пленарна седница.

Според пратеничката Жаклина Лазаревска од редовите на СДСМ, барањата на студентите се испочитувани, а продолжувањето на исплатата на парите за оброк до месец март е само преодно решение.

Според опозицијата пак, во овие измени на законот само се продолжува студентскиот револт.

Во меѓувреме студентите од сите Универзитети се обединија и утре на меѓународниот ден на студентите ќе одржат марш. Во 17.30 ќе тргнат од Влада и ќе се движат до Министерството за образование.

- Заеднички барања на сите студенти се реновирање во студентските домови, изјави Славчо Темелковски – претседател на Универзитетско Студенстко собрание на УКИМ.

Во понедлникот додека се одржуваше протест пред Собранието, внатре студентите се договорија со Владата субвенционираниот оброк да биде 150 денари од март и активно да бидат вклучени во работните групи за носење на законските измени кои ги засегаат токму нив.