Македонија
25. July 2023 - 16:33

Утре спектакал - Џон Малкович на Охридско лето

Светски познатиот актер, американскиот продуцент и режисер Џон Малкович утре на сцената на Античкиот театар во Охрид ќе приреди историски настан. Со претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“ во режија на Михаел Штурминген, Малкович во придружба на два сопрани и оркестар, на еден мрачно-комичен начин ќе ја обработи изопаченоста на еден убиец.Тој за прв пат е во нашата земја за која вели дека е убава.

Повеќе од две и пол ијади гледачи ќе присуствуваат на утрешниот настан за кој заинтересираноста е огромна и се бара место повеќе.Од Бразил, Холандија, Португалија и од земјите од регионов се купуваат билети за претставата.

Од  Охридски лето посочуваат дека името на  екслузивниот гостин Џон Малкович ќе биде запишано во листата на најголеми уметници кои настапиле низ фестивалската историја .